Bosch GBH 2-28 DFV Trapano a percussione – Manuale d'uso in formato pdf, leggete online gratis. Ci auguriamo che vi aiuterà a risolvere eventuali problemi che potreste riscontrare durante l'utilizzo della vostra attrezzatura.
Se avete ulteriori domande, fatele nei commenti sotto le istruzioni.
"Caricamento istruzioni" significa che dovete aspettare che il file venga scaricato per poi essere letto online. Alcune istruzioni sono molto lunghe e le tempistiche dipenderanno dalla velocità internet.
Македонски |
127
Bosch Power Tools
1 619 92A 06P | (28.11.13)
Останати напомени за безбедност и
работење
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
Зацврстете ја дополнителната дршка, при работата
цврсто држете го електричниот апарат со двете
дланки и погрижете се за стабилно држење на
телото.
Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за заштафување/одвртување се
користат алати без SDS-plus (на пр. дупчалка со
цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е
брзозатегачка глава за дупчење одн. запчеста глава за
дупчење.
GBH 2-28 DFV:
Користете ја само заменливата глава за
дупчење со
3 отвори за подесување
(стандардна
испорака) или
2 отвори за подесување
(опрема/резервен дел) – види слика 1, страна 176.
–
Резервната глава за дупчење сама се заклучува.
Проверете дали е заклучена со влечење на
резервната глава за дупчење.
Ставете SDS-max алат за вметнување:
Проверете
дали е заклучен со влечење на алатот.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш
заменете го.
Капакот за заштита од прав го спречува
навлегувањето на правта која се создава при
дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата
на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав
не е оштетен.
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак.
Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
–
Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
–
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
–
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Одблокирајте го
алатот што се вметнува.
Пред вклучувањето на електричниот апарат
проверете ја функционалноста на алатот што се
вметнува.
Доколку вклучите блокиран алат за дупчење
настануваат многу моменти на блокирање.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GBH 2-28 DV/
GBH 2-28 DFV: Чекани за дупчење
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат, извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната
дозна
Носете заштитни ракавици
Носете заштита за слухот.
Носете заштитни очила
OBJ_BUCH-1232-005.book Page 127 Thursday, November 28, 2013 11:30 AM
Avete ancora domande?Non avete trovato la risposta nella guida o ci sono altri problemi? Inviate la vostra domanda nel modulo sottostante con una descrizione dettagliata della vostra situazione in modo che altre persone ed esperti possano rispondere. Se sapete come risolvere il problema di qualcun'altro, perfavore aiutatelo :)