Stiga Combi 48 SVQ 2L0487848/ST1 - Manuale d'uso - Pagina 34

Stiga Combi 48 SVQ 2L0487848/ST1
Pagina 1
1 Pagina 1
2 Pagina 2
3 Pagina 3
4 Pagina 4
5 Pagina 5
6 Pagina 6
7 Pagina 7
8 Pagina 8
9 Pagina 9
10 Pagina 10
11 Pagina 11
12 Pagina 12
13 Pagina 13
14 Pagina 14
15 Pagina 15
16 Pagina 16
17 Pagina 17
18 Pagina 18
19 Pagina 19
20 Pagina 20
21 Pagina 21
22 Pagina 22
23 Pagina 23
24 Pagina 24
25 Pagina 25
26 Pagina 26
27 Pagina 27
28 Pagina 28
29 Pagina 29
30 Pagina 30
31 Pagina 31
32 Pagina 32
33 Pagina 33
34 Pagina 34
35 Pagina 35
36 Pagina 36
37 Pagina 37
38 Pagina 38
39 Pagina 39
40 Pagina 40
41 Pagina 41
42 Pagina 42
43 Pagina 43
44 Pagina 44
45 Pagina 45
46 Pagina 46
Pagina: / 46
Caricamento dell'istruzione

MK - 1

MK

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПРЕД УПОТРЕБА НА МАШИНАТА, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО

СЛЕДНОВО УПАТСТВО. Да се сочува за понатамошни потреби.

СОДРЖИНА

1.  ОПШТО

.............................................................................................1

2.  БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

...............................................................1

3.  ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА

......................................................3

4.  МОНТАЖА

.......................................................................................

4

5.  КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА

...........................................................

4

6.  УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

..........................................................

4

7.  ОДРЖУВАЊЕ

.................................................................................6

8.  СКЛАДИРАЊЕ

................................................................................6

9.  УПРАВУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ

.....................................................7

12.  ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ПО ИЗБОР

.....................................8

1.

ОПШТО

1.1

КАКО ДА СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО

Во ова упатство одредени поглавја содржат важни информации 

во однос на безбедноста и на функционалноста и се нагласени на 

следниот начин:

ЗАБЕЛЕШКА ИЛИ ВАЖНО

даваат детални или

дополнителни информации за она што е претходно наведено, со

цел да се спречи оштетување на машината.

Овој 

 симбол посочува на опасност. Непочитувањето на ова 

предупредување создава можност за лични повреди или на трети 

лица и/или штети.

Пасусите означени со квадратче со рамка 

и сиви точки посочуваат на изборни одлики 

коишто не се присутни кај сите модели 

дадени во ова упатство. Проверете дали се 

достапни карактеристики за овој модел.

Сите индикации „напред“, „назад“, „лево“ и „десно“ на машината

,

се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

1.2

НАСОКИ

1.2.1

Слика

Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и 

така натаму.

Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, B, 

C и така натаму.

Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува со 

изразот: „Видете на сл. 2. C“, или поедноставно „(слика 2.C)“.

Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се 

разликуваат во однос на оние на сликата.

1.2.2

Наслови

Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус 

„2.1 Обука“ е заменето со „2.

Безбедносни норми". Насоките за насловите или пасусите се 

означени со кратенките погл. или пас. и со соодветниот број. 

Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1"

2.

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

2.1

ОБУКА

Запознајте се со командите и правилното користење

на машината. Научете брзо да го запирате моторот.

Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството

може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.

Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, 

или други лица што не ги знаат основните упатствата. 

Локалните закони може да предвидат минимална возраст за 

управување со машината.

Никогаш не ја користете машината доколку корисникот 

е изморен или изнемоштен, или користел лекови, дрога, 

алкохол или други штетни супстанци што можат да ги забават 

неговите рефлекси и да ја загрозат неговата способност за 

пресуда.

Не пренесувајте деца или други патници.

Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или 

опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на 

одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните 

ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете 

ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате 

својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, 

нерамни, лизгави или нестабилни терени.

Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, 

проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се 

содржани во ова упатство.

2.2

ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ

Систем за лична заштита (СЛЗ)

Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон против 

лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте на машината 

со боси нозе или со отворени сандали. Носете заштитни 

слушалки за слухот.

Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да ги 

слушнете можните предупредувања (повикување или аларми). 

Обрнувајте исклучително внимание на она што се случува 

околу областа за работа.

Носете ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик 

за рацете.

Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со 

лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што 

висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или 

за предмети и материјали кои се производ на работата.

Соодветно приберете ја косата доколку е долга.

Област за работа/машина

Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете 

сè што би можело да биде исфрлено од машината и да ги 

оштети сечилата/ротирачки делови (камења, гранки, железни 

остатоци, коски, итн.).

Мотор со внатрешно согорување мотори: гориво

ОПАСНОСТ!

 Горивото е високо запаливо средство.

Чувајте го горивото во соодветни садови за таа намена, на 

безбедно место, подалеку од извор на топлина или отворен 

оган.

Одржувајте ги садовите чисти од остатоци од трева, лисја или 

масло.

Чувајте ги садовите подалеку од дофат на деца.

Не пушете додека полните или дополнувате гориво.

Дополнувајте гориво со инка и на отворена површина.

Не ги вдишувајте гасовите.

Никогаш не отворајте го капачето на резервоарот, и не 

дополнувајте гориво додека моторот работи или е уште 

загреан.

Полека отворете го капачето на резервоарот оставајќи 

внатрешниот притисок постепено да испари.

"Caricamento dell'istruzione" significa che è necessario attendere finché il file non è caricato e pronto per la lettura online. Alcune istruzioni sono molto grandi e il tempo di caricamento dipende dalla velocità della tua connessione a Internet.

Altri modelli di tosaerba Stiga

Tutti i tosaerba Stiga