Samsung Tab Active Pro - Manuale d'uso - Pagina 132

Samsung Tab Active Pro

Tavoletta Samsung Tab Active Pro – Manuale d'uso, leggi gratuitamente online in formato PDF. Speriamo che questo ti aiuti a risolvere eventuali dubbi. Se hai ulteriori domande, contattaci tramite il modulo di contatto.

Caricamento dell'istruzione

Македонски

395

Заштитете ги Вашиот слух и уши кога користите слушалки

Слушањето со висока јачина на тонот може да му наштети на Вашиот
слух.

Слушањето со висока јачина на тонот може да го оттргне Вашето
внимание и да предизвика несреќа.

Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да ги вклучите слушалките во изворот на
звук и користете го само нагодувањето за јачина на минимум, потребно да го слушате
Вашиот разговор или музика.

Во суви средини, може да се појави статички електрицитет во слушалките. Избегнувајте
користење слушалки во суви средини или допрете метален предмет за да го испразните
статичкиот електрицитет пред да ги приклучите слушалките во уредот.

Не користете слушалки додека возите. Во спротивно може да дојде до одвлекување на
Вашето внимание и да доведе до несреќа, или може да биде незаконски во зависност од
Вашиот регион.

Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење или кога сте во движење

Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете повреди на себе и на
другите.

Внимавајте кабелот на слушалките да не се заплетка во Вашите раце или блиски предмети.

Не бојте го уредот и не ставајте лепенки врз него

Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го спречат правилното
работење.

Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да почувствувате чешање,
егзема или натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со употреба на уредот и
консултирајте се со Вашиот лекар.

Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со внимание

Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната опрема инсталирана во Вашето
возило се безбедно вградени.

Избегнувајте да го поставувате уредот и дополнителната опрема во близина на или во
делот за воздушното перниче. Неправилно инсталираната безжична опрема може да
предизвика сериозни повреди кога воздушните перничиња ќе се напумпаат нагло.

Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на уредот

Вашиот уред може да се оштети или да не функционира правилно.

Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде оштетен и некои делови може
да не функционираат.

Осигурете максимален век на траење на батеријата и полначот

Можно е батериите да не работат прописно ако не се употребуваат подолго време.

По извесно време, уредот што не се користи ќе ја испразни батеријата и мора да се
наполни пред употреба.

Исклучете го полначот од изворите на напојување кога не е во употреба.

"Caricamento dell'istruzione" significa che è necessario attendere finché il file non è caricato e pronto per la lettura online. Alcune istruzioni sono molto grandi e il tempo di caricamento dipende dalla velocità della tua connessione a Internet.