Samsung Tab Active Pro - Manuale d'uso - Pagina 129

Samsung Tab Active Pro

Tavoletta Samsung Tab Active Pro – Manuale d'uso, leggi gratuitamente online in formato PDF. Speriamo che questo ti aiuti a risolvere eventuali dubbi. Se hai ulteriori domande, contattaci tramite il modulo di contatto.

Caricamento dell'istruzione

Македонски

392

Не користете го Вашиот уред во близина на апарати што емитуваат радиофреквенции,
како што се звучни системи или радиокули

Радиофреквенциите може да предизвикаат Вашиот уред да функционира неправилно.

Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни опкружувања

Наместо да ја отстраните батеријата, исклучете го уредот во потенцијално експлозивни
опкружувања.

Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш придржувајте се кон прописите,
упатствата и знаците.

Не користете го уредот на места каде што се полни гориво (бензиски станици), во близина
на горива или хемикалии, или во области каде што се врши рушење со експлозиви.

Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или експлозивни материјали во
истиот простор каде што се наоѓа уредот, неговите делови или дополнителниот прибор.

Ако некој дел од уредот се скрши, чади или мириса како запален, веднаш престанете да
го користите уредот. Користете го уредот само откако бил поправен во сервисен центар
на Samsung

Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице.

Кога уредот чади или мириса како запален, тоа може да има како последица експлозија на
батеријата или пожар.

Придржувајте се кон сите безбедносни предупредувања и прописи коишто се
однесуваат на употребата на Вашиот уред додека возите

Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното управување со возилото. Никогаш не
користете го Вашиот уред додека возите, ако тоа е забрането со закон. За Вашата безбедност
и безбедноста на другите, користете го Вашиот здрав разум и запомнете ги следниве совети:

Запознајте се со Вашиот уред и со неговите погодни функции, како што се брзо бирање
и повторно бирање. Овие функции Ви помагаат да го намалите времето потребно за
остварување или за примање повици на Вашиот мобилен уред.

Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен. Осигурете се дека имате пристап до
Вашиот безжичен уред без да го оттргнете погледот од патот. Ако примате дојдовен повик
во незгодно време, оставете да одговори говорната пошта наместо Вас.

Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни временски услови. Дожд, лапавица,
снег, мраз и густ сообраќај може да бидат опасни.

Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви. Пишување на листата со задачи
или листањето по Вашиот адресар го одзема Вашето внимание од Вашата примарна
одговорност за безбедност при возењето.

Бирајте внимателно и пристапете во сообраќајот. Остварувајте повици кога не сте во
движење или пред да се вклучите во сообраќајот. Обидете се да ги планирате Вашите
повици кога не сте во движење.

Не вклучувајте се во стресни или чувствителни разговори кои можат да го оттргнат Вашето
внимание. Дајте му до знаење на лицето со кое разговарате дека возите во моментот и
прекинете ги сите разговори кои можат да Ви го одземат вниманието од патот.

"Caricamento dell'istruzione" significa che è necessario attendere finché il file non è caricato e pronto per la lettura online. Alcune istruzioni sono molto grandi e il tempo di caricamento dipende dalla velocità della tua connessione a Internet.