Samsung Tab Active Pro - Manuale d'uso - Pagina 126
Tavoletta Samsung Tab Active Pro – Manuale d'uso, leggi gratuitamente online in formato PDF. Speriamo che questo ti aiuti a risolvere eventuali dubbi. Se hai ulteriori domande, contattaci tramite il modulo di contatto.
Македонски
389
Не користете го Вашиот уред надвор за време на грмотевици
Во спротивно може да дојде до електричен шок или неправилно функционирање на уредот.
Користете батерии, полначи, додатоци и прибор одобрени од производителот
•
Користењето генеричка батерија или полнач може да го скрати работниот век на Вашиот
уред или да предизвика негово неправилно функционирање. Тоа, исто така, може да
предизвика пожар или да предизвика експлодирање на батеријата.
•
Користете само батерија, полнач и кабел одобрен од Samsung и специфично дизајнирани
за Вашиот уред. Некомпатибилна батерија, полнач и кабел може да предизвикаат сериозни
повреди или оштетување на Вашиот уред.
•
Samsung не може да биде одговорен за безбедноста на корисникот кога употребува
додатоци или делови коишто не се одобрени од Samsung.
Не носете го уредот во задните џебови или околу половината
•
Уредот може да се оштети, да експлодира или да предизвика пожар доколку врз него се
прави голем притисок.
•
Ако се удрите во нешто или паднете, може да се повредите.
Не испуштајте го и не предизвикувајте прекумерни удари на уредот
•
Тоа може да го оштети Вашиот уред или батеријата, предизвикувајќи неисправност на
уредот или пократок рок на траење.
•
Исто така, тоа може да предизвика уредот да се презагрее, да се запали, да изгори или
други опасности.
Внимателно ракување и фрлање на уредот и полначот во отпад
•
Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган. Никогаш не поставувајте ги
батеријата или уредот на или во загреани уреди, како што се микробранови печки, рерни
или радијатори. Уредот може да експлодира доколку се загрее прекумерно. Следете ги сите
локални регулативи кога фрлате во отпад употребена батерија или уред.
•
Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот.
•
Избегнете изложување на уредот на висок надворешен притисок што може да доведе до
внатрешен краток спој и презагревање.
Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од оштетување
•
Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на многу ниски или многу високи
температури.
•
Екстремните температури може да го оштетат уредот и да го намалат капацитетот на
полнење и работниот век на Вашиот уред и батерија.
•
Не поврзувајте ги директно позитивниот и негативниот пол на батеријата и спречете да не
дојде во допир со метални предмети. Тоа може да предизвика неправилно работење на
батериите.
•
Не користете кабел чиј надворешен слој е истрошен или оштетен, и не користете полнач
или батерија што се оштетени или што не функционираат правилно.
•
Не вклучувајте го и не употребувајте го уредот кога капакот на батеријата е отворен.
"Caricamento dell'istruzione" significa che è necessario attendere finché il file non è caricato e pronto per la lettura online. Alcune istruzioni sono molto grandi e il tempo di caricamento dipende dalla velocità della tua connessione a Internet.